СДСМ: Левица стана опасна десница, а Мицкоски во целосно заложништво на Апасиев

Од:

Левица, со својот опасен популизам, анти НАТО и анти ЕУ реторика станува се посилен фактор за загрозување на европскиот пат и напредокот на државта. Левица, која израсна од движења за социјална правда и еднаквост, во борба за гласови, комплетно го смени правецот и стана опасна десница, која на граѓаните се обидува да им продаде евтин популизам велат од СДСМ.

– Опасноста за иднината на сегашните и идните генерации е што Апасиев во целосно заложништво го зема Мицкоски, кој се докажа како слаб политичар без став и визија и идеолошки обезличеното ВМРО-ДПМНЕ. Пироманите од Левица, со Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во заложништво сакаат државата да ја вратат во неизвеснот и изолација, со внатрешни поделби на граѓаните. СДСМ и граѓаните нема да дозволат иднината на државата да биде загрозена од лажната Левица и нивниот заложник се наведува во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Јована Тренчевска и Александар Трајановски се избрани за потпретседатели на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ

Предраг Петровиќ

Стојаноски: Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Предраг Петровиќ

Владата на Мицкоски го враќа паралелниот увоз на лекови како во времето на Груевски, тврди СДСМ

ВИДЕО: Антикорупциската платформа на СДСМ се вика М.И.Ц.К.О

Катерина Ѓуровски

СДСМ денеска го бира новото раководство