Иницијатива на млади луѓе за промена на името ХИВ за да се отстрани стигмата

Од:

Меѓународната интересна група млади луѓе го одбележа 1 декември, Светскиот ден на борба против Сидата, со повик до Светската здравствена организација вирусот ХИВ да се преименува со цел да се дестигматизира вирусот на хумана имунодефициенција, бидејќи таа болест денеска не е веќе смртоносна со правилна терапија.

– Изразот ХИВ е смртоносен, Тој вирус денеска повеќе предизвикува хронична болест и немора да биде смртоносен, пишува групата „Млади против СИДА“ во отвореното писмо го главниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејсус.

Вирусот може да предизвика развој на болест на имуна дефициенција (СИДА), но со терапија може да се спречи развој на болеста, па дури и пренос на заразата.

– Промената на името ќе помогне да се смени стојалиштето кон вирусот, сметаат потписниците. Со тоа би се олеснил животот на повеќе од 38 милиони луѓе во светот кои живеат со вирусот ХИВ.

Групата млади луѓе не сугерирала како треба да се нарече вирусот, туку ги повикува читателите да ги изнесат своите предлози на страницата на која можат да пристапат со QR код објавен на дното на писмото.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Нови случаи на ХИВ и еден на СИДА во Македонија, сите се мажи на возраст 20 и 39 години

A1on

Бесплатни тестирања за ХИВ и други сексуално преносливи болести од 20 до 26 ноември

За еден месец осум нови случаи на Сида – тројца странци со престој во Македонија

А1он

Маж во Британија заразил девојка со ХИВ, сега, 14 години подоцна, тој мора да оди во затвор

Генерал Игор Кирилов: Американците спроведуваат експерименти со ХИВ инфекција на украински војници

А1он

Во Бугарија има два до трипати повеќе луѓе заразени со ХИВ отколку што се официјално регистрирани