Штајнмаер до албанските пратеници: Вашето срце чука за Европа, работете заедно успехот ќе дојде

Од:

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, во својот говор во албанскиот Парламент порача албанските пратеници да ги остават настрана политичките разлики и поинтензивно да работат во борбата против организираниот криминал и корупцијата за заедничката дестинација – членство во Европската унија, јави дописничката на МИА од Тирана.

Тој додаде дека „овој напор вреди“ и увери дека „можат да имаат доверба во натамошната поддршка на Германија“, нагласувајќи дека „30 години по страшната диктатура, Албанија се труди да оди напред и е непоколеблива и позиционирана покрај европските вредности“.

-Знам дека патот на Албанија кон ЕУ ќе продолжи да биде амбициозен. Работете заедно и посилно во борбата против корупцијата и организираниот криминал, реформите во правосудството. За заедничката дестинација-интеграцијата во ЕУ вреди да се вложи труд. Вашето срце чука за Европа. Работете заедно успехот ќе дојде. На овој пат можете да сметате на поддршката од Германија, порача Штајнмаер.

Тој го изрази своето задоволство што денеска е во Тирана, „младешки и ентузијастички град за иднината“.

– Тирана е динамичен, вистински европски град. Тирана е центарот на Албанија каде живее европската демократија, европската младинска престолнина 2022 година. Сега со отворањето на преговорите за членство во ЕУ започнува нова фаза и се конкретизира иднината на Албанија во Европа, рече германскиот претседател.

Спомнувајќи некои статистички податоци, тој посочи дека во Германија живеат повеќе од 70 илјади Албанци, обемот на трговската размена во 2021 година достигнал вредност од 450 милиони евра, дека Германија е четврти трговски партнер на Албанија и оти двете земји тесно соработуваат и во други области.

Германскиот претседател Штајнмаер ќе престојува во дводневна посета на Албанија и тоа е втора станица од неговото патување на Балканот, откако во изминатите два дена беше во посета на Северна Македонија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“

Шолц ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември

Малолетник планирал терористички напад во Германија: Сакал да го спроведе пеколниот план за време на божиќните празници

Марија Захарова: Политичкиот систем на Германија е класична „банана република“