„Aктуелната власт во Република Македонија со најновиот „бисер”, не ги признава правните аспекти од извештајот на Ад хок комисијата за настаните на 24. декември.
– Акти кои самата таа ги потпиша. Дали се работи за истата власт која користејќи ја полицијата, ги принудува граганите да ги почитуваат актите кои ги потпишал некој друг – судот, и на таков начин покажуваат како треба да владее правото во Р. Македонија. Ги потсетуваме дека Македонија е земја во која според сите стандарди и правила има политички затвореници, категорија која се поретко се среќава по светот.
– Господо од власта направете нешто добро, одете си што поскоро, ке биде подобро за сите ве уверуваме.
П.С. Посебно за вас, верувајте“, се вели во соопштението од ОМ.