Денеска завршуваат политичките консултации на бугарскиот претседател Румен Радев со бугарските парламентарни партии, пред да го врачи првиот мандат за формирање влада, јави дописникот на МИА од Софија.
Последната парламентарна партија со која ќе се сретне претседателот на Бугарија е лидерот на „Бугарски подем“ Стефан Јанев, кој минатата година двапати беше в.д. Средбата е во 14.00 часот по локално време.
Радев досега имаше консултации со претставници на ГЕРБ-СДС, „Продолжуваме со промената“, ДПС, „Преродба“, БСП за Бугарија и „Демократска Бугарија“.
Радев даде речиси два месеци за политички консултации меѓу партиите и коалициите во 48. Народно собрание на Бугарија, што е најдолг период од падот на комунизмот во Бугарија и транзицијата кон повеќепартиска демократија.
Извор: МИА