Денеска наместа ќе провејува снег

Од:

Во утринските часови на места ќе провејува снег. Во текот на денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 7 степени.

Во вторник ќе се задржи стабилно време со негативни утрински температури. Нов влажен бран со локални врнежи од дожд, а на планините на запад од снег, се очекува во среда и во четврток.

Би можело да ве интересира

Снег падна во Грција – наставата во училиштата прекината, сообраќајот е во хаос

А1он

Попова Шапка со најмногу снег и најниски температури во земјава

Студен ден со облачност и повремени врнежи од снег

Горан Наумовски

Силни врнежи и снег во западните делови, студен бран ја зафати државата

Претпладне дожд, попладне снег

Москва: Најобилни снежни врнежи во последните 56 години