Лично писмо на неодамна починатата англиска кралица Елизабета Втора е продадено на аукција во Германија за 8.300 евра, објавија организаторите.
Единствено што се знае за купувачот е дека станува збор за жена која живее во странство.
Писмото е продадено на аукција организирана од аукциската куќа „Eppi“ во Штутгарт, пренесуваат медиумите во регионот.
Писмото е адресирано до германската возачка Ета Плеш, родена како Марија Грефин фон Вурмбранд-Штупах, чии коњи двапати победија на престижната трка Епсом Дерби во Англија.
Кралицата ѝ пишува на „драгата г-ѓа Плеш“ дека е „воодушевена од прекрасната слика на коњ“ на нејзиното летно одморалиште во Сандрингам, „која ја добив од вас и г-дин Плеш за Божиќ“.
Фердинанд Бенедикт Еплеј од аукциската куќа рече дека очекувал две групи луѓе да бидат заинтересирани за писмото.
Аукцијата започна со цена од 2.600 евра.
„Има ентузијасти кои бараат поштенски пратки со интересна историја или од истакнати испраќачи, а има и обожаватели на британското кралско семејство“, изјави тој за dpa пред аукцијата.