(ВИДЕО) Приватни превозници: Данела лаже, кај неа во Град Скопје може да провери дали сме краделе

Од:

Приватните превозници во јавниот градски превоз во Скопје се згрозени од однесувањето на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска која ги обвини дека продавале билети и притоа не ја пријавувале заработката.

Собрани на протест пред дирекцијата на ЈСП во Автокоманда, тие ги паркираа автобусите на улицата во близина на гаражата и побараа средба со директорот на претпријатието за да им каже зошто не им плаќаат по договорот и зошто дозволил да се акумулира долгот кој за неколку дена ќе изнесува околку два милиони евра.

– Градоначалничката Данела Арсовска изнесе тешки невистини и лаги. Не можеме да веруваме дека еден носител на така висока функција, градоначалник на Град Скопје може да се дрзне и да се дозволи такви лаги да изнесе и да ја манипулира јавност. Не обвинуваат за продавање на карти и за нефискализација. Сите знаеме дека фискалните апарати кои се монтирани кај нас и во автобусите на ЈСП беа монтирани тука во ЈСП и се нефункционални.

Дистрибуцијата на картите се исклучива одговорност на ЈСП кое ги продава и надополнува во нивните пунктови и со сите карти корисниците на нашите услиги се валидираат кај нас. Немам зборови да искажам колку сме згрозени од Данела Арсовска. Јавно изјавувам, срам да и е! – изјави за „А1он“, Кемал Муриќ од „Слобода Превоз“.

Превозниците објаснија дека не можеле да ја сокријат продажбата на карти, а бидејќи работат на фактура, Арсовска може да се информира од неколку места каде што се води детална евиденција.

– Тука ги бараме нашите средства зошто не ни се даваат, како може за нив да има, за нас да нема. Ако ние сме продавале карти, од каде сме ги набабвиле тие карти. Опремата која ја имаме во нашите автобуси не дозволуива ние да го надолниме кредитот на патниците.
Целата евиденција за голема среќа може да се види во одделението за мониторинг во Град Скопје, контролниот центар во ЈСП и диспечерските служби на превозниците. Нашето плаќање е фактурно и точно може да се провери како и колку сме биле исплатени – рекоа превозниците за „А1он“.

Автобусите на „Слобода превоз“ петти ден не сообраќаат, доедека „Макекспрес“ подолго време е надвор од јавниот сообраќај и нема договор со ЈСП.

Претставници на приватните провозници денеска ќе имаат средба со координаторите на советничките групи во Советот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Вонредна седница на Советот на Град Скопје: Од утре Скопје ќе има автобуски превоз

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

ЛДП: Скопје не смее повеќе да биде во заложништво на волјата на Данела – оставка веднаш

Град Скопје: Со часови се чека автобус за училиште и работа поради суетата на Мицкоски

Горан Наумовски