На пукањето врз бугарсккиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид чие име е провокација за најголемиот дел од македонските граѓани, реагираше и еврокомесарот Оливер Вархеји кој повика да се пронајдат напаѓачите.
„Секој напад врз која било заедница во Северна Македонија мора да биде следен од полицијата и владата. Свесен сум за вчерашниот напад. Се надевам дека владата ќе го стори истото како и во претходниот случа со нападот на клубот во Битола – истакна Вархеји во интервју за „Бугарија во Етер“ кое ќе биде објавено следниот викенд.
Еврокомесарот изјави дека е подготвен да се сретне со претставници на организациите на македонските Бугари доколку побараат средба со него.
„Мојата врата е секогаш отворена за секоја заинтересирана страна од која било земја кандидат“, додаде Вархеји.