Најмалку 46 луѓе загинаа, а околу 700 се повредени во земјотресот што денеска ја погоди индонезиската провинција Западна Јава соопштија локални претставници.
Бирото за метеорологија и геофизика (БМКГ) претходно соопшти дека земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран во индонезиската провинција Западна Јава, а епицентарот бил во градот Чианџур, на длабочина од 10 километри.
Индонезија се наоѓа на „огнениот појас“ на Пацификот, поради што земјотресите се честа појава.
Извор: МИА