Кристијано Роналдо за првпат проговори пред јавноста по неговото гостување во телевизиското шоу на познатиот англиски новинар Пирс Морган. Интервјуто, привлече големо внимание поради неговите критики кон газдите на Манчестер јунајтед, тренерот Ерик тен Хаг, поранешните и актуелните соиграчи.
Роналдо, претпладнево ги собрал новинарите на прес-конференција во Катар, каде со репрезентацијата се подготвува за натпреварот против Гана во првото коло на Светското првенство (четврток, 17.00 часот).
„ Не ми е гајле што мислат другите. Зборувам кога сакам и сите добро знаат кој сум јас и во што верувам. Јас сум отпорен на куршуми“, нагласи Роналдо.
Капитенот на португалската селекција побара од новинарите да престанат да му поставуваат прашања на соиграчите за него и истакна дека споменатите изјави и се што моментално се случува околу него нема да ја наруши концентрацијата на тимот.
„Ова е амбициозна група која е гладна за успех. Сигурен сум дека интервјуто нема да ја потресе соблекувалната и да влијае на концентрацијата“.
Португалија покрај со Гана, во Х-групата ќе игра и против Уругвај, односно Јужна Кореја.
Извор: Топспорт