Русија го „зајакнува“ Крим и копа ровови километри зад линијата на фронтот во подготовка за „понатамошен голем украински притисок“, сугерираат новите извештаи.
„На територијата на Крим под моја контрола се спроведуваат работи на утврдување со цел да се гарантира безбедноста на сите жители на Крим“, изјави Сергеј Аксјонов, гувернер на регионот назначен од Москва.
Тој рече дека ова се случува иако војската веќе презема мерки за заштита на Крим.
Се чини дека неговите коментари ги потврдуваат извештаите на британското разузнавање дека приоритетите на Москва се свртуваат кон одбраната. Министерството за одбрана на Велика Британија во петокот наутро соопшти дека руските сили копале ровови долж границата со Крим, како и во близина на реката Сиверски-Донец меѓу Доњецк и Луганск.
Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 18 November 2022
Find out more about the UK government's response: https://t.co/TPUEazgQjx
🇺🇦 #StandWithUkraine 🇺🇦 pic.twitter.com/7aRaQ58jIO
— Ministry of Defence 🇬🇧 (@DefenceHQ) November 18, 2022
Руските сили продолжуваат да даваат приоритет на реопрема, реорганизација и одбранбена подготовка во повеќето сектори на Украина.
„Некои од овие локации се и до 60 километри зад сегашната линија на фронтот, што сугерира дека Русите се подготвуваат за дополнителни големи украински пробиви“, се вели во соопштението на британското разузнавање.