Авион на „Латам ерлајнс“ вчера при полетување се судри со возило на пистата на меѓународниот аеродром Хорхе Чавез во Перу, при што загинаа двајца пожарникари, соопшти авиокомпанијата, додавајќи дека нема повредени патници или членови на екипажот.
#LATAM #airplanecrash update. Looks like the Lima Airport tower failed to control the traffic on the runway. Fire truck and airplane on runway. pic.twitter.com/FQOVo3mE6T
— Dore (@Sharkpatrol32) November 18, 2022
„За жал, двајца воздушни пожарникари загинаа“, изјави командантот на противпожарната бригада Луис Понсе за локалната телевизија Канал Н.
LATAM Airlines A320neo has been hit by a vehicle crossing the runway while taking off from Lima Airport in Peru. More to follow. pic.twitter.com/oPchYx7nbM
— Breaking Aviation News & Videos (@aviationbrk) November 18, 2022
Лима аеродром Партнерс, кој управува со аеродромот Хорхе Чавез во Лима, најважниот во Перу, претходно објави дека сите патници се неповредени.
Сликите објавени на Твитер од локалната радио станица RPP Noticias покажаа дека авионот на Латам ерлајнс делумно гори на пистата. Авионот вклучен во несреќата требаше да лета на домашната линија Лима-Јулијака, соопшти Латам ерлајнс.
Тоа е втор инцидент за помалку од еден месец во кој учествуваат авиони на тој носач, откако на еден од нив му беше уништен „носот“ при силна бура што го принуди на принудно слетување.