Со докази или не се подготвува војна

Од:

Претседателот на САД, Барак Обама се соочи со факторите кои што би можеле да ја одложат воената интервенција во Сирија.

Наспроти одлуката на британскиот парламент, да не учествува во воената акција, Обама е решен да постапи во најдобар интерес на САД по прашањето за Сирија – изјави портпаролката на Советот за национална безбедност Кејтлин Хајден.

Највисоките официјални лица на САД за денес закажаа брифинг со конгресмените и сенаторите заради претставување на аргументите за тврдењата дека сирискиот режим, минатата недела употребил хемиско оружје и уби голем број луѓе .

Клучниот доказ остана под ознаката строго доверливо, што значи дека јавноста нема да го види материјалот кој го поврзува режимот на Асад со нападот, поради кој клучните држави од Запад започнаа отворено да дискутираат за воена интервенција.

Истовремено Русија во Советот за безбедност на ОН, ја блокира бритнската предлог резолуција , со која што би се одобрил напад на Сирија.

Американскиот претседател изјави дека САД заклучиле дека режимот на Асад е одговорен за хемискиот напад и доколку е така „тогаш ќе мора да има меѓународни последици“.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас