Дрон со бомба удри во танкер со нафта во близина на Оман

Од:

Дрон кој носел бомба погоди танкер со нафта поврзан со израелскиот милијардер Идан Офер во близина на брегот на Оман, соопшти денеска претставник на одбраната на Блискиот Исток.

Нападот се случил доцна синоќа, а воените структури на Велика Британија, кои го следат поморскиот сообраќај во тој регион, соопштија дека се „свесни за инцидентот и моментално го истражуваат нападот“.

Службеникот го идентификуваше нападнатиот брод како танкер за превоз на нафта „Пацифик Циркон“.

Со танкерот управува компанијата Истерн Пацифик Шипинг (Eastern Pacific Shipping) со седиште во Сингапур и во сопственост на израелскиот милијардер Ајдан Офер.

Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Иран претстави оружје што ги прави работите на Блискиот исток понеизвесни

Предраг Петровиќ

Во близина на зградата на украинскиот парламент во Киев се пронајдени останки од соборен руски дрон

Минск собори два руски беспилотни летала над територијата на Белорусија

(ВИДЕО) Украинците нападнаа важна руска нафтена рафинерија во Москва

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Украинците со дрон ја нападна електраната Конаково во областа Твер

Дрон за време на рускиот напад врз Украина слетал на територијата на Полска