Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун ќе се сретне денеска со дипломатите на постојаните членки на Советот за безбедност на ОН (САД, Кина, Русија, Велика Беританија и Франција), со кои ќе разговара за ситуацијата во Сирија, јави ИТАР-ТАСС.
Претставникот на кабинетот на Бан Ки-мун, Фанхан Хак повтрди дека средбата ќе се одржи, но не го прецизираше точното време.
– Генералниот секретар планира да одржи средби со повеќе членки на ОН. Сметам дека меѓу нив ќе бидат и претставниците на петорката, додаде тој.
Бан Ку-мун поради влошувањето на ситуацијата во Сирија беше принуден вчера да ја прекине европската турнеја. Во Њујорк тој ќе го чека враќањето на групата инспектори на ОН, кои ги истражуваат тврдењата за наводна употреба на хемиско оружје во Сирија.