Велика Британија и Франција потпишаа нов договор со кој треба да се запрат мигрантите да го минуваат Ла Манш

Од:

Велика Британија и Франција денеска потпишаа нов договор во обид да ги запрат мигрантите да го минуваат Ла Манш.

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин објави видео на Твитер од церемонијата на потпишување во Париз со британската министерка за внатрешни работи Суела Браверман.

Дарманин ги објави и деталите од новиот договор за зајакнување на напорите за запирање на илегалните премини од Франција до бреговите на Велика Британија.

– Велика Британија вети дека ќе обезбеди 72,2 милиони евра за борба против илегалната миграција, посочи тој.

Браверман ја истакна потребата да се направи се што е во нивна моќ за да се запрат овие преминувања.

– Ова е глобален предизвик кој бара глобални решенија, а во интерес и на британската и на француската влада е да соработуваат за да го решат овој комплексен проблем, потенцираше таа.

Британскиот „Форин офис“ објави дека во наредните месеци бројот на службеници во северна Франција ќе се зголеми за 40 отсто. „Новиот договор ја поставува основата за подлабока британско-француска соработка во борбата против илегалната миграција и го означува следниот чекор за тесно оперативно партнерство меѓу двете земји што спречи над 30.000 премини оваа година“, се додава во соопштението.

Според договорот, бројот на граничниот персонал ќе биде зголемен за 40 проценти, ќе се обезбедат средства за нова опрема за надзор, а ќе се зајакне координацијата и размената на информации меѓу двете земји.

Повеќе од 40.000 мигранти годинава со брод пристигнале во Велика Британија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Лишен од слобода криумчар на мигранти