Монументални шутраци (3)

Од:

1.

Темата дефинитивно треба да се заокружи. Ако не за друго, тогаш заради некои можни нејаснотии, или недоречености во претходните два текста – така барем ми посочуваат некои пријатели – а во поглед на „големата црна измама“ наречена „Скопје 2014“!

Односно, поточно, во поглед на некои од изнесените можни „толкувања“, но повеќе за евентуалните идни чекори што некој / некои би ги превзел(е)! И мислам дека тоа до денес не е доволно разјаснето во јавноста!!!

2.

Па така, повторно, двете страни, и позицијата и опозицијата, едните свесно другите можеби заради неразбирање на суштината, прават замена на тезата во врска со „спомениците“ подигнати во рамките на т.н. „проект Скопје 2014“.
Што ќе рече, (не)владиниот Клековски и остала клекната компанија, свесно, (или можеби толку им фаќа умот?!), прават превид на придавкатамонументален / монументално, а со цел да се изедначат спомениците и спомен обележјата, а со тоа да се оправда и измамата направена во „Тинексовата“ Општина Центар односно во нејзините програми! Релативизирајќи го поимот монументално до границите на нешто субјективно, апстрактно, дискутабилно, дури неважно, овие полуинтелигенти целосно ги изедначуваат спомениците и спомен обележјата, ставајќи го акцентот на важноста, значењето на личностите како примарно во Законот за меморијални споменици и спомен обележја!

Што не било / не е интенција на Законот. И не е точно. Исто така, и поимот меморијално не е случајно ставен во Законот, и тоа само во врска со спомениците, а не и со спомен обележјата, токму заради тоа да се направи потребната разлика според ГОЛЕМИНАТА и КАРАКТЕРОТ / ЗНАЧЕЊЕТО на одбележувањата!!! Што пак, од своја страна, и врз основа на правилното читање на Законот, ќе рече дека сите обележја во центарот на Скопје (Воинот на коњ, Ченто, Самоил, Јустинијан, Шатев, Татарчев итн.) се СПОМЕНИЦИ а не спомен обележја, и следствено на тоа „Тинексовата“ Општина Центар бесправно ги подигнала!

И уште еднаш: сите оние меморијални и монументални одбележувања подигнати во центарот на Скопје, и пошироко, а формално подведени под дефиницијата „спомен обележја“, фактички се – споменици! И тука нема никакви дилеми и „толкувања“, зашто Законот за меморијални споменици и спомен обележја прави суштинска разлика помеѓу овие два вида одбележувања. А разликата е во нивната монументалностодносно големина (пред се’ физичка, а потоа и според нивното значење)!

3.

Врз основа на претходното, досегашните обиди да се најде формално – правната „квака 22“ во постапката завршуваа помалку или повеќе неуспешно, зашто проблемот се бараше во значењето на личностите на кои им биле подигнати спомен обележја (според толкувањето на „Тинексовата“ Општина Центар), а всушност споменици (според словото на Законот).

Ако се тргне по патот на оспорувањето на значењето на личностите за „Тинексовата“ Општина Центар – односно дека Општината немала право да подига спомен обележја на личности со такво исклучително значење – се доаѓа до ќорсокак, каде двете страни би докажувале дали, и колку, и зошто, некоја од наведените личности – Аце, Ченто, Самоил, Јустинијан … – се значајни, важни за општината, или не се. И колку и да сакаме да се правиме паметни дека Александар Македонски, или Самоил, или Јустинијан, навистина немаат директна врска со „Тинексовата“ Општина Центар, одговорот ќе биде: а зошто вие сте сигурни во тоа? Зошто мислите дека Аце, во текот на своите походи, не поминал токму низ овој центар, или Самоил, или дека Ченто никогаш не се прошетал низ главниот македонски град? И што ако го викнат Паскота да ги потврди овие наоди? Или некои други историчари, како Зоран Тодоровски, Владо Поповски и компанија? Па знаете ли какви се’ приказни ќе измислат? Или иднион клекнат „амбасадор“? Којзнае што се’ се врти низ неговата црпка?!

Впрочем, и самиот чл. 2 од Законот за меморијални споменици и спомен обележја е изменет така да ја овозможува оваа измама. Зашто, според овој член, се’ е значајно односно со исклучително значење, ама „стручњаците“ во Министерството заборавиле тоа консеквентно да го применат и во чл. 4, каде што ги дефинираат спомен обележјата! И не случајно Законот е менуван во 2008 година, и не случајно сите клекнати (не)владини мегафони се повикуваат на чл. 2!

4.

Оттука, дефинитивно, најсигурен и, според мене, единствено исправен пат за оспорување на целиот „проект“ во неговиот споменички дел, се поимите меморијално и монументално (својствени само за спомениците!), и очигледната колизија помеѓу членовите 2 и 4 од посочениот Закон.

На помош за овие толкувања можат да се повикаат не само домашни (нормални) историчари на уметноста туку и странски експерти кои се бават со таа проблематика и точно знаат што е тоа меморијално и монументално!

Сите други иницијативи и толкувања (односно „толкувања“) би биле непродуктивни, заморни, јалови и, за жал, осудени на пропаст. Како што впрочем и се покажа до сега.

Златко Теодосиевски

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска