Во тешки времиња треба да се преземе политичка одговорност и политичко лидерство, а со тоа да ги убедите гласачите да излезат на гласање, а не со празни муабети. Секој може да зборува како сака да ги спаси бугарските граѓани од студот, од гладот, од страшната зима. Тоа го нагласи денеска бугарскиот претседател Румен Радев на средбата со раководствата на национално репрезентативните синдикални организации.
Според него, тоа е поттик и покана до политичките партии конечно да зачекорат во својата улога, „да го најдат дијалогот, компромисот, консензусот за формирање на редовна влада која има јасна долгорочна политика за приходите и развојот на бугарската економија“
Шефот на државата ги нарече неосновани шпекулации мислења дека тој се стреми кон сета власт.
„Јас сум должен да го почитувам Уставот и да ја поддржувам поделбата на власта и да не давам повод за овие неосновани шпекулации дека претседателот ја узурпира и ја бара целата власт, изјави Радев.
„Секој ден молам, нема кој да ја земе или има страв, и ова е вистинската причина, страв во партиите да ја преземат власта во зима, а ова не е фер кон бугарските граѓани , рече шефот на бугарската држава, јави БТА.
Во однос на барањето преодната влада да достави буџет за следната година, Румен Радев посочи дека буџетот е финансискиот план кој ја изразува политиката на парламентарното мнозинство и на Владата, а таков план во моментов нема.
Радев истакна дека неколкупати на оваа тема ги поканувал премиерот и министерот за финансии.
Извор: МИА