Влага, мувла и непријатна миризба во старите делови од установата, 18 затвореници во една просторија, ужасни тоалети од каде се шири лоша миризба, тушевите импровизирани со кофи и направени од самите затвореници.
Нема доволно лекови, а лекар има само работни денови до 16 часот.
Во вакви услови живеат затворениците во Македонија. И официјално сме високо на листата по смртност во македонските затвори. Адвокатите на Боки 13 се прашуваат дали и Јовановски ќе биде жртва на лошите услови? За само неколку месеци од два чира, Боки сега има четири, поради што му се заканува отстранување на желудникот, а нова операција не смее да има.
Гледајте во анализата на „Скен“