Кралицата на скапоцените камења загина на крузер, нејзиниот сеф е пронајден празен

Од:

Дилек Ертек (71), позната турска богаташка и златар, претставничка и сопственичка на империјата на скапиот накит „Тифани“ во Турција, почина на 26 октомври на крстарење на многу бизарен начин, а се уште нема решение.

Таа починала паѓајќи од брод за крстарење кај Тахити.

Турскиот весник „Сабах“ напиша дека нејзиното семејство побарало од полицијата да го истражи нејзиниот швајцарски љубовник, со кој отишла на луксузно крстарење.

Нејзиниот син Гокче Атук за британскиот „Дејли Меил“ изјави дека е чудно што скапиот накит исчезнал од сефот во кабината каде што била сместена неговата мајка на бродот, а уште почудно е што нејзиниот љубовник 20 часа подоцна пријавил дека исчезнала.

И форензичарите биле збунети бидејќи не им било јасно како ситна жена висока 157 сантиметри успеала да падне преку еден метар висока ограда.

Во меѓувреме, потрагата по неа е прекината бидејќи тешко дека по толку денови нејзиното тело воопшто би можело да се најде.

Екипажот на бродот го држеше 74-годишниот партнер под надзор во посебна кабина пред да се закотви на Тахити три дена подоцна. Тој, наводно, бил испрашуван од полицијата на Тахити пред да биде ослободен поради недостиг на докази, па тој се вратил во родната Швајцарија.

Ертек се качи на бродот на 24 октомври на островот Папете во Француска Полинезија, за да го прослави својот роденден на 5 ноември во Бора Бора, мал остров во јужниот дел на Пацификот. Крстарењето требаше да заврши во Хонолулу, Хаваи.

Би можело да ве интересира

Најбогатите луѓе по победата на Трамп побогати за уште 64 милијарди долари

На два крузери избувнаа епидемија на норовирус: Заразени се повеќе од 200 патници и членови на екипажот

Најбогатиот човек на светот има имот од 233 милијарди долари

Скандал на крстарење: Капетанот не сакал да ги врати патниците бидејќи доцнеле, останале на островот во близина на Африка

Продале два стана за да платат за крстарење кое е откажано: Наскоро ќе бидеме бездомници

(ВИДЕО) Исплови првиот кинески крузер: Бродот има 16 ката, парк со палми и трговски центар

А1он