Продале два стана за да платат за крстарење кое е откажано: Наскоро ќе бидеме бездомници

Од:

Кара и Џо Јусеф од Охајо биле воодушевени кога слушнале за патувањето на Miray Cruises Life at Sea, кое требаше да го започнат на 1 ноември и да поминат 1.095 дена на море, застанувајќи на 382 пристаништа низ светот. Тие ги продадоа двата станови и ја потрошија речиси целата животна заштеда за да им биде кажано дека патувањето е откажано неколку дена пред нивното крстарење.

Парот е заглавен во хотел во Истанбул и чека да си ги врати парите. “Не убедуваа и не натераа да се надеваме до последен момент. Продадовме се што имавме за да го оствариме овој сон. Се чувствуваме целосно поразени”, изјави Кара за The New York Times.

Според тој медиум, идејата за крстарењето низ светот потекнува од претприемачот Микаел Петерсон во јуни 2022 година. Тој го контактирал сопственикот на Мираја, Ведат Угурлу, кој предложил брод што има 400 кабини и може да прими до 1.000 патници.

Компанијата го најави крстарењето во март 2023 година и, и покрај високите цени, создаде огромна побарувачка и стотици луѓе почнаа да ги резервираат своите кабини, чија цена се движеше од 90.000 до 975.000 долари.

Но, проблемите се појавија кога се појави загриженост за количината на гориво што ќе биде потребно за да се стигне до дестинацијата. Отприлика во исто време, компанијата почна да има проблеми со „обработка на трансакции со кредитни картички“.

„Се чувствувавме навистина нервозни“, рече Кара. Тие разговарале со другите патници и со потпретседателката на компанијата за стратегија за развој на бизнисот, Кендра Холмс. Таа им даде надеж дека сепак ќе има крстарења.

„Кендра беше многу убедлива и посветена. Беше многу реална, додека Микаел ни ветуваше брда и долини“, вели парот. Во јуни компанијата соопшти дека има невидена побарувачка за крстарење и дека бараат дополнителен брод за да ги смести сите заинтересирани. Кара на 16 ноември дознала дека бродот со кој требало да одат на крстарењето го купила друга компанија, а потоа откриле и дека Кендра дала отказ.

Друга патничка, 68-годишната Мери Радер, подигнала 80.000 долари од заштедата за да плати за крстарењето. Но, таа никогаш не ја добила фактурата за плаќање на патувањето. „Тогаш сфатив дека нешто не е во ред, но останав заробена затоа што веќе ја извршив уплатата“, рече таа.

На почетокот на декември, Ведат Урглу потврди дека крстарењето е откажано поради долгови и недостаток на средства. „Се обидовме да најдеме решение, но не успеавме да најдеме инвеститори“, рече тој.

До 28 декември, кога парот го даде интервју за медиумите, немаше рефундација.

Рокот за враќање на парите беше 22 декември, а кога помина тој датум, од компанијата соопштија дека имаат проблеми со банката.

Парот престојува во Истанбул, во хотел кој го платила компанијата која го организирала крстарењето. „Наскоро би можеле да останеме бездомници“, рече Кара.

Би можело да ве интересира

На два крузери избувнаа епидемија на норовирус: Заразени се повеќе од 200 патници и членови на екипажот

Скандал на крстарење: Капетанот не сакал да ги врати патниците бидејќи доцнеле, останале на островот во близина на Африка

(ВИДЕО) Исплови првиот кинески крузер: Бродот има 16 ката, парк со палми и трговски центар

А1он

Нe пере облека, не готви, не чисти: Живее на крузер 20 години и има време за се

Кралицата на скапоцените камења загина на крузер, нејзиниот сеф е пронајден празен

Горан Наумовски

Еден од последните крузери пристигна во Џенова

А1он