Адам Смит, нов член на групата за пријателство меѓу Македонија и САД

Од:

Адам Смит, демократски конгресмен од американската сојузна држава Вашингтон, е новиот член на групата за пријателство меѓу Македонија и САД, која со неговото зачленување порасна на 20 конгресмени. Смит е водечки демократски член на Комисијата за вооружените сили на Претставничкиот дом на САД.

– Го информиравме конгресменот за македонската заедница и за тоа што нашето наследство ни значи на нас. Исто така разговаравме за долгорочните безбедносни цели во регионот и за пречките со кои земјата се соочува при нивното остварување.

Разговаравме за потребата да ја видиме Македонија како членка на НАТО без натамошно одлагање, изјави Ѓорѓи Ѓорѓиевски, регионален претставник на Обединетата македонска дијаспора за овој дел на САД, кој заедно со активистката за Македонија Тифани Куртис имал средба со конгресменот Смит и неговите советници пред неговото зачленување во групата за пријателство со Македонија.

Мето Колоски, претседател на ОМД, вели дека зачленувањето на конгресменот Смит во групата за македонско пријателство е заслуга на македонската заедница во околината на Сиетл, која ја претставува Смит.

Би можело да ве интересира

Трамп воведе санкции против Меѓународниот кривичен суд

„Зеленски го загуби трпението, ги нападна Американците“

По повеќе од две децении и 4.500 загинати Американци: Утре и последниот американски војник треба да го напушти Ирак

WSJ: Лобист на „Актор“ ја придружувал амбасадорката на САД на состаноци низ Балканот, Гилфојл ја промовирала компанијата

(ВИДЕО) Силна бура зафати делови на САД: откажани стотици летови, илјадници без струја

Колапс на системот: Кина итно побара од САД да престанат