Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е партија од народот, од тука го црпи легитимитетот, додека СДСМ се салонски политичари и нивниот крај доаѓа

Од:

ВМРО-ДПМНЕ е народна партија, партија од народот и од тука го црпи нејзиниот легитимитет, додека СДСМ и нејзините градоначалници и функционери се салонски политичари кои не одговараат за сработеното или не сработеното пред народот рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на завршниот дел од настанот кој го организираше партијата „Заклучоци од политичкиот саем на промените што нисат иднина – 365 дена отчет на градоначалниците“.

– Ова е историски настан, бидејќи за прв пат, за два дена се дава отчет на сработеното, со отворен гард, подготвени се сите да ги бранат своите дела, да кажат она што е сработено. Тоа нема да го видите од СДСМ. Помина една година и тие имаат неколку мина градоначалници, но тоа нема да го видите, нема да видите како се отворени кон граѓаните, како го презентираат тоа што е сработено, затоа што ВМРО-ДПМНЕ е народна партија, ВМРО-ДПМНЕ е партија од народот, од тука го црпи својот легитимитет и само пред народот одговара. СДСМ, градоначалниците и функционерите се салонски политичари, не одговараат пред народот и нивниот крај доаѓа рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: За разлика од кај нас, опозицијата во Украина и Молдавија не работи против државните интереси

СДСМ: Намалени субвенции, ниски откупни цени – Мицкоски ги излажа земјоделците

Со денови граѓаните немаат пристап до „Мој ДДВ“, реагира СДСМ

A1on

Еврокомесарката Марта Кос на почетокот на јули доаѓа во Скопје

A1on

По 17 јуни ќе има реконструкција на Владата, најави Мицкоски

A1on

Мицкоски се сретна со Ердоган – потврдена е стратешката соработка меѓу Македонија и Турција

А1он