Зечевиќ: Со СДСМ, иднината на младите генерации е европска

Од:

Генералниот секретар на СДСМ на состанок на партијата во Струмица денеска порача дека младите македонски генерации имаат европска иднина со СДСМ и дека така треба да изгледа иднината на македонската држава, напредна и економски силна во која младите сакаат да создаваат и да ја развиваат.

-Политиката мора да обезбедува сигурна, извесна и стабилна иднина токму за младите. Тоа е суштината на политичкото делување на СДСМ како државотворна партија и одлуките кои ги носи. Со СДСМ, младите македонски генерации имаат европска иднина, а така впрочем и треба да изгледа македонската иднина., рече Зечевиќ.

Тој додаде дека токму благодарение на СДСМ конечно е ставен крај на сите идентитетски премрежја на македонскиот народ, дека еднаш засекогаш е затворена темата и македонскиот идентитет е заштитен и потврден.

-Така на на младите што доаѓаат им оставаме чист терен, извесна и сигурна иднина во која ќе се разговара за економија, здравство, образование, за се она што е нормално, што ги интересира младите во 21 век., додаде Зечевиќ.

Струмица е пример за тоа што значи кога младите генерации македонски политичари даваат свој придонес за развој на својот град. Градоначалникот на СДСМ, Костадин Костадинов, со својот резултат во изминатиот период, потврди како може да се развива една модерна македонска општина, рече генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Еве го документот, зошто новото задолжување го нема во ребалансот, дали ќе се прекрши законот

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

СДСМ: Мицкоски може да ја менува статистиката, но долгот расте

(ВИДЕО) Фрчкоски: ДКСК да ја прошири истрагата за Андоновски со новата фирма „Нома солушнс“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години