Кичевски: Молк на панаѓурот од шпицниот градоначалник Мицкоски за катастрофата што ВМРО-ДПМНЕ ја создаде во Скопје

Од:

За една година локална власт во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ создаде хаос во градот, немаат реализирано ниту еден проект а јавните претпријатија се на раб на функционалност.Партискиот панаѓур на ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Мицкоски се најсилна потврда за оваа катастрофа што ја создадоа во главниот град рече на прес конференција претседателот на градската организација на Скопје во СДСм Васко Кичевски.

– Наместо бесплатен превоз во Скопје се случи да нема превоз. Наместо еколошки автобуси не работат ниту тие што ги има. Наместо развој и модерно Скопје гледаме стагнација и уназадување на главниот град.Шпицниот градоначалник молчеше и за изградбата на мостовите на булевар АСНОМ и улица Љубљанска, кружниот тек кај Момин поток, патот за Визбегово и други проекти наследени од СДСМ и игнорирани од ВМРО-ДПМНЕ. Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се најнеспособните градоначалници кои за една година ги запоставија општините, ги партизираа општинските администрации и ги зголемија цените на комуналните услуги. Во таа неспособност предничи Данела Арсовска која за една година го уназади Градот, не реализираше ниту едно ветување и создаде колапс во јавните претпријатија рече Кичевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Филипче: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат

(ВИДЕО) Кузеска: Јанушев е дел од системот на Мицкоски во кој и возачи земаат мито

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција е повикан наш советник за објава на Фејсбук