Здружението Љубов сме/Jemi dashuri поднесе претставка до МЗ со барање за измени на здравствената законска регулатива на заболените од карцином

Од:

Здружението Љубов сме/Jemi dashuri поднесе претставка до Министерството за здравство, со барање за измени на здравствената законска регулатива, со цел подобрување на условите, начинот на лекување и третман и сите постапки за остварување на правата на лицата заболени од карцином.

Од здружението Љубов сме/Jemi dashuri бараат:

1. Промена на начинот на финансирање на здравството, односно на начинот на набавка на лекови. Оттука бараме промена во условите на тендерите за да нема доцнење на истите и навремено да се набавуваат лекови .

2. Лековите кои ги примаат онколошките пациенти да бидат на позитивната листа, како и можност за добивање на дополнување на листата со најновите лекови за лекување на ракот.

3. Измена на дел од законската регулатива, поточно на Законот за здраствено осугурување како и на дел од подзаконските акти со кои се регулира постапката за издавање на помагала за болните од рак пред сѐ обезбедување на перики со тоа што тие не би биле класифицирани како естетски додаток туку медицински помагала кои би биле на товар на државата.

3.1 Измена во класификацијата на компресивните чорапи (ракавици) за третман на лимфедема, односно на оток кој се јавува поради отстранување на лимфните жлезди при хируршки зафат на карцином на дојка.

4. Дополнување на термините во МојТермин, со цел непречено извршување на контролните прегледи и добивање точни сознанија за тековната здравствена состојба на пациентите.

4.1 Термините кои во системот на МојТермин се наменети за онколошки и хематолошки пациенти да бидат достапни за закажување и од страна на матичните лекари, со што дополнително би се растеретил метежот на Клиниката за онкологија, а пациентите не би морале да доаѓаат САМО за да закажат термин.

5. Промена во Правилникот во кој се уредува состав, надлежност и начин на работа на лекарските комисии за оценка на привремена спреченост за работа и мислење за остварување на други права од задолжителното здравствено осигурување (Службен весник бр.82/2016), со што стручната комисија би била надополнета со доктор специјалист-онколог. На овој начин би се добила пореална состојба за потребата овие лица да ги остваруваат нивните права.

„Потребно е да се смени начинот на финансирање на здравството, а со тоа и начинот на набавка односно условите на тендерите за да не доцнат тендерите и навремено да се набавуваат лекови.

За сите онколошки пациеннти потребно е лековите да се примаат навремено и во соодветна доза. Во најголем број овие лица имаат ниски примања ШТО ПРЕТСТАВУВА ОГРОМНА ПОТЕШКОТИЈА, А НЕКОГАШ И ВООПШТО НЕ СЕ ВО МОЖНОСТА ДА ГИ НАБАВУВААТ ПРЕПИШАНИТЕ ЛЕКОВИ. Со цел да се спречат натамошни здравствени компликации, бараме овие лекови да бидат достапни преку позитивната листа. Но и да се создаде можност за дополнување на листата со најновите лекови за лекување на ракот.

Сметаме дека на државата ѝ недостига еден стратешки документ, а тоа е Национален план за борба против ракот и поголема и дирекна вклученост на НВО во креирањето на овие политики.

Предлагаме потпишување на Меморандум со Министерството со здраство со цел утврдување на заедничка временска рамка во подготовка на овој стратешки документ.

Нашето Здружение ќе продолжи со апелите до сите надлежни институции и до Законодавната власт со предлог иницијативи, со барања, претставки и предлози за измени и дополнувања на Здравствената законска регулатива, како и законите и подзаконските акти од социјална и здравствена заштита. Ова е од интерес на сите онколошки пациенти, а особено на пациент(к)ите кои се лекуваат од карцином на дојка“, се вели во образложението на Здружение Љубов сме/Jemi dashuri за нивните барања упатени до МЗ.

Би можело да ве интересира

Вакцините против рак и против срцевите болести ќе бидат готови до крајот на оваа декада

Белгиски универзитет објави откритие за спречување на метастазирање на ракот

Стоилковски: Нема терапија за заболени од карцином, тендерот не е по мерка на ДУИ СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Пациентите болни од одредени видови рак оставени без терапија, власта не набавила лекови

За три месеца 1000 жени прегледани во мобилни амбуланти, некои 15 години не  биле на гинеколог

Пациенти со карцином се жалат дека плаќаат ПЦР за секое влегување в болница, Клиниките уверуваат дека не им бараат тест за Ковид-19

Маја Илиевска-Пачемска