Здружение ЕСЕ: Да се зголемат средствата за програмите за скрининг на рак на грлото на матката и на дојката

Од:

Иако постојат програми за скрининг (рано откривање) на ракот на грлото на матката и ракот на дојката, податоците од нивното спроведување покажуваат дека реално во државава нема сеопфатен и организиран скрининг за овие малигни заболувања. Со средствата кои Министерството за здравство ги одвојува за програмата за скрининг на рак на грло на матка се предвидува опфат само на околу 30 отсто од жените на возраст од 24 до 60 години, а во 2019 година намален е буџетот на оваа програма за 2,8 милиони денари, соопшти Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ.

dobivaj vesti na viber

Поради недостиг на матични гинеколози, посочуваат од Здружението, само 60 отсто од жените имаат избрано матичен гинеколог, а поради тоа само 28 отсто од жените се опфатени со оваа програма за период од шест години (2012 – 2018 година).

Според Здружението, состојбата е понеповолна меѓу жените Ромки, бидејќи само 9,5 отсто од нив се опфатени со оваа програма во периодот од 2012 до 2018 година.

Преку програмата за скрининг на рак на дојката во 2019 година биле опфатени само 0,7 отсто од жените на возраст од 50 до 69 години. Само четири од 270 анкетирани жени Ромки од Шуто Оризари биле поканети на преглед на дојки од 2015 до 2019 година. Програмите за скрининг на ракот на грлото на матката и ракот на дојката се од особено значење за здравјето на жените, бидејќи навременото откривање на овие карциноми овозможува навремено и соодветно лекување. За споредба во европските држави опфатот на жените со овие програми е над 75 отсто. Поради тоа Министерството за здравство потребно е веднаш да ги зголеми финансиските средства за овие програми, да ги овозможи сите услови и да обезбеди соодветна координација за нивно доследно спроведување.

Секоја година на 4 февруари се одбележува Светскиот ден за борба против карцином. Мотото на кампањата за 2021 година е „Together, all our actions matter“ („Заедно, секоја наша акција е важна“). Целта на Светскиот ден за борба против карцином е да изврши притисок врз владите и поединците во целиот свет да преземат акции против оваа болест, со цел да се постигне свет без карциноми, додаваат од Здружението ЕСЕ.

Би можело да ве интересира

Стоилковски: Нема терапија за заболени од карцином, тендерот не е по мерка на ДУИ СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Пациентите болни од одредени видови рак оставени без терапија, власта не набавила лекови

За три месеца 1000 жени прегледани во мобилни амбуланти, некои 15 години не  биле на гинеколог

Пациенти со карцином се жалат дека плаќаат ПЦР за секое влегување в болница, Клиниките уверуваат дека не им бараат тест за Ковид-19

Маја Илиевска-Пачемска

Најголемиот дел од заболените од карцином добро реагираат на вакцините против коронавирус

Катерина Павлова-Николовска

Здружение „Љубов сме/Jemi Dashuri”: Информираноста и разговорот се најважни за пациентите со карцином на дојка

Ана Ололовска