Пациенти со карцином се жалат дека плаќаат ПЦР за секое влегување в болница, Клиниките уверуваат дека не им бараат тест за Ковид-19

Од:

За секое влегување в болница мора да се покаже негативен ПЦР-тест за Ковид- 19, се жали пациент со карцином на црниот дроб кому му одредиле хемотерапија паралелно со аблација на црниот дроб, кои ги прави во различни болници од јавното здравство. Вели дека за една недела за ПЦР-тестирање потрошил близу 100 евра оти секаде му кажувале дека правило е да има негативен ПЦР за може да добие друга услуга, а за тестирање на државен трошок треба да чека.

Спротивно на неговото тврдење, од Министерството за здравство уверуваат дека на пациентите со карцином не им бараат негативни ПЦР-тестови освен на оние на кои им треба болничко лекување, но во тој случај тестот се прави на Клиниката.

„Од Клиниките за онкологија и хематологија информираат дека од пациентите не се бара да направат PCR-тест на свој трошок. Конкретно за примање хемотерапија на Клиниката за онкологија не се бара претходно пациентот да прикаже PCR-тест. Доколку пациентот во оваа Клиника има потреба од болничко лекување, а претходно нема направено тест се става во соба за изолација до добивање на резултатот од тестот кој се прави во самата установа. Од Клиниката за хематологија исто така информираат дека пациентите не доставуваат PCR-тест, односно доколку има потреба по индикација се прави брз антигенски тест од самата установа“, велат од Министерството за здравство за „А1он“.

Пациентите со карцином за време на пандемијата неколкупати алармираа дека не им се достапни неопходните здравствени услуги, а истовремено здравствените власти соопштуваа дека карциномот е многу чест коморбидитет или претходно заболување кое го имаат пациентите на болничко лекување и починатите од Ковид-19.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Срамота е, на онкологија нема доктори, а овие млади чекаат работа“: Поддршка од граѓани за специјализантите

Орце Костов

СДСМ: По 20 години, во наше време, се расчистува случајот Онкологија, лагата на ДПМНЕ се покажа и со Анкетната комисија

Нино Васев не смее да оди на работа во Онкологија – судот ги прифати мерките од обвинителство

Се кратела ли терапија од пациенти, се препишувале ли лекови на починати, каде завршиле скапите лекови – хаос во документацијата на Онкологија

Тројца онколози и двајцата директори осомничени за скандалот Онкологија – обвинителството отвори постапка

Задржани четири лица во врска со скандалот на Онкологија