Здружение „Љубов сме/Jemi Dashuri”: Информираноста и разговорот се најважни за пациентите со карцином на дојка

Од:

 Потребна е информираност за раната детекција на карцином на дојка и третирање на болеста, како и силна психолошката поддршка за полесно справување во текот на лекувањето. Во последните неколку години, смртноста на пациентите со карцином на дојка се движи меѓу 30 и 40 отсто од заболените, што сè уште претставува многу висок морбидитет. Како причина за високата смртност е и доцното детектирање на болеста, веќе во поодминат стадиум, недоволната информираност и ниската свесност за самопреглед, соопшти Здружението „Љубов сме/Jemi Dashuri”.

Според обработените податоци од Институтот за јавно здравје, како што посочуваат од Здружението, во 2019 година имало 782 новозаболени со карцином на дојка од кои 314 починале, односно 40 отсто, а една година претходно во 2018 од 852 дијагностицирани пациенти со карцином на дојка 283 починале, што е 30 отсто од вкупно заболените.

– Психолошката поддршка е клучна во лекувањето на онколошките пациенти, ја подобрува нивната психофизичка состојба, но и на целите семејства. Но, исто така потребна е и подобра и стручна информираност за болеста, стадиумите, текот на лекување, нешто што пациентките со карцином на дојка можат да го добијат преку апликација – виртуелен навигатор Ана достапен на страната на Рош Македонија. Со посета на линкот https://www.roche.mk/mk/tx/onkologija/Karcinom_na_dojka/Ana_navigator.html на виртуелниот навигатор Ана за пациентите е овозможена 24-часовна помош и поддршка со директен разговор во кое било време. Преку оваа дигитална апликација, пациентите можат да дознаат повеќе за болеста, за фазите на лекување, за типовите карцином и уште многу други информации поврзани со болеста. Ова е голем бенефит за сите пациенти со карцином на дојка, затоа што во секое време имаат можност да добијат одговор за болеста”, вели Мисрете Едипи, една од основачите на Здружението.

Таа додаде дека потребно е подигнување на свеста за рана детекција, бидејќи сите болести успешно се лекуваат само доколку навреме се откријат.

– Преку разговорот, за кој понекогаш имаат потреба да се одвива во приватно и изолирано окружување, каде слободно и во секое време може да прашаат се што ги интересира за карциномот на дојка, пациентите се чувствуваат посилни и мотивирани да ја победат болеста и успешно да го завршат целокупниот процес на лекување, потенцираат од Здружението и ги советуваат пациентите со канцер на дојка да го посетат линкот каде можат да започнат разговор за карциномот на дојка и да добијат поддршка и одговор за болеста.

Би можело да ве интересира

„Дами проверете се“ – Јавна дебата на ФОН за подигање на свеста за ракот на дојка

А1он

Левица: Нема термини за прегледи за рак на дојка поради катастрофалната состојба во здравството

Вакцините против рак и против срцевите болести ќе бидат готови до крајот на оваа декада

Здружението Љубов сме/Jemi dashuri поднесе претставка до МЗ со барање за измени на здравствената законска регулатива на заболените од карцином

Ана Ололовска

Никоб Медикал,  Д-р Моника Јовчевска порачува: Октомври заминува, но опасноста од рак на дојка останува

Горан Наумовски

Задолжителни прегледи и мобилен мамографски скриниг во борбата со ракот на дојка