Груби – Гир: Уставните промени, клуч за продолжување на интегративниот процес

Од:

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби денеска оствари средба со шефот на мисијата на Европската Унија во земјава, амбасадорот Дејвид Гир информираат од Кабиентот на Груби.

-На средбата се разговараше за Јавниот повик за поддршка на невладините организации бидејќи оваа поддршка продолжува од страна на Владата. Процесот ќе биде многу транспарентен бидејќи вклучува претставници од повеќе институции, како и од Советот за поддршка на невладините организации, а во целиот процес на селекција се поканети да учествуваат и претставници од Европската Унија. Потребата од уставни измени за да се отвори дискусијата за европската иднина на државата беше дел од разговорот меѓу Груби и Гир, но и одлуките кои во наредниот период треба да се донесат во Собранието со политички и општествен консензус од сите општествени политички чинители. Груби и Гир разговараа и за внатрешно-политичките настани во земјава, со фокус на европските трендови и интеграции, како и за успешниот напредок на скрининг-процесот и спроведување на реформите се наведува во соопштението од Кабиентот на Артан Груби.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Каква врска има Груби со најавите на Ахмети за повлекување

Катерина Ѓуровски

Обвинение за Артан Груби, Перпарим Бајрами и шестмина други за злоупотреби во „Државна лотарија”

Горан Наумовски

ВЛЕН: Дали Артан Груби ја купува слободата со тајните на ДУИ?

Кој го одолговлекува случајот со Артан Груби, прашува ВРЕДИ

Продолжен куќниот притвор на Артан Груби

Продолжен e домашниот притвор за Артан Груби

А1он