Јакимовски: Раководството на ВМРО-ДПМНЕ како опозиција се однесува варварски, замислете ште ќе прават ако се докопаат до власт

Од:

Градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски го осуди нападот врз советникот Александар Илиевски.

Го осудувам нападот врз советникот што се случи во текот на вчерашниот ден. Морам да кажам дека и во минатото сме имале политички противници, сме имале причини за кои што се дискутирало, меѓутоа ваков преседан никогаш не се случил да биде нападнат советник од општина Карпош кој што има различно мислење од неговата советничка група. Основната причина зошто е нападнат советникот на кој што веќе подолго време му се праќаат закани е за неговата партија ВМРО-ДПМНЕ да може да прави поголеми опструкции од овие што сега ги прави. Јасно е дека советникот, со начинот на кој што функционира советничката група ВМРО-ДПМНЕ во општина Карпош, не се согласува подолго време и тоа е причина за заканување на истиот од колеги советници како и од обезбедувањето на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Ова само го покажува примитивизмот во врвот на ВМРО-ДПМНЕ во нивното раководство кое користи насилни методи за да дисциплинира членови од партијата кои што мислат во интерес на граѓаните за кои што тие самите се избрани и за кои што добиле мандат да ги застапуваат во општина Карпош. Сакам јавно да го прашам господинот Мицкоски ова ли го договараа на ручекот кај пратеникот и претседателот на ОК Карпош, Тони Јаревски за време на викендот, напад врз советникот на кукавички начин, скриени со маска? Очигледно е дека се влезени во некој филм. Зошто вака насилно не се однесуваа кон оние осумте предавници што го променија името на Република Македонија, и што го поддржаа договорот од Нивице? Се однесуваат насилно кон оние за кои мислат дека се посилни. Очигледно дека ова нивно раководство се заканува и на градоначалничката на Скопје, ми се закануваат мене, се закануваат на советници, се закануваат на граѓани и бизнисмени. Јас само сакам да ги повикам граѓаните на општина Карпош, да замижат и да помислат, како овие луѓе ќе се однесуваат ако не дај Боже дојдат утре на власт. Кога ти е од опозиција се однесуваат како насилници како варвари, тек што ќе прават ако се докопаат на власт во Република Македонија, изјави Јакимовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема пари за плати, ама има за двајца заменици директори во Царина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Не покачувате плати и лажете за пензиите, ја задолживте државата четири милјарди евра – нова пресметка на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Кузеска: Политичката одговорност е мисловна именка за ВМРО-ДПМНЕ и за Мицкоски

Лефков: Извештај од банка за службената картичка на Бисера Антоанета јасно покажува дека со државни пари купувала куфери, мечиња, хулахопки и чорапи

Костадиновска Стојчевска: ВМРО-ДПМНЕ лови во матно, не сум купувала куфери со службени пари

Лефков: Ексминистерката за култура со службена картичка во Лондон купувала хулахопки, куфери и плишани мечиња

Катерина Ѓуровски