Излезни анкети: Нетанјаху се враќа на власт во Израел

Од:

Поранешниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху има добри шанси да се врати на власт, покажуваат првите излезни анкети по денешните избори. Нетанјаху, кому му се суди за корупција, треба да освои 61 или 62 пратенички места од вкупно 120, покажуваат анкетите на израелската телевизија.

Првите излезни анкети може да се разликуваат од конечните изборни резултати што се очекуваат подоцна во текот на неделата, но раните резултати покажуваат дека десницата помина многу подобро од очекуваното. Во Израел ова беа петти избори за помалку од четири години.

Кампањата беше обележана од екстремно десничарскиот Итамар Бен-Гвир и неговиот ултра-националистички блок Религиозен ционизам, кој најверојатно ќе биде третата по големина партија со 15 места во парламентот. Пребегнувањата од владејачката коалиција на премиерот Јаир Лапид беа исто така важни, а најважните работи за гласачите беа безбедноста и зголемувањето на цените.

Нетанјаху (73) смета на поддршката на Бен-Гвир и на екстремно десничарскиот сојузник Безалел Смотрич.

Изгледите Бен-Гвир, поранешен член на Кач, група на терористичките листи на Израел и САД, да влезе во владата ги загрижува сојузниците, вклучително и Вашингтон.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“