СЗО: Колерата се шири низ Либан

Од:

Светската здравствена организација денеска соопшти дека колерата се шири низ Либан, со досега забележани повеќе од 1.400 симптоматски случаи во сите делови на земјата.

Либанското Министерство за здравство првиот случај на болеста го пријави пред триесеттина дена, кон средината на октомври, а досега се потврдени 381 случаи, од кои 17 со фатален исход.

Директорот на регионалната канцеларија за вонредни ситуации на СЗО, Рик Бренан, изјави дека најверојатно бактеријата што ја предизвикува болеста е пренесена од Сирија, каде се пријавени околу 20 илјади случаи заболени со симптоми на колера.

Колерата лесно се лекува со медикаменти, но доколку не се третира може да доведе со сериозни компликации, од дехидратација до целосно откажување на бубрезите.

Според податоците на СЗО, оваа година низ светот е забележан зголемен број жаришта на болеста, последица на недостиг на чиста вода предизвикан од многу фактори како поплавите, сушите, конфликтите, миграцијата.

Поради недостигот од вакцини, СЗО минатиот месец ги смена протоколите, така што наместо со две засега се спроведува вакцинирање со една доза.

СЗО има распоредено свој персонал во Либан, со опрема и неопходните ресурси за помош и обука на локалните здравствени капацитети. Организацијата заедно со либанските власти работи на обезбедување барем 600 илјади дози вакцини за населението од најризичните подрачја.

Од СЗО посочуваат дека епидемијата серозно ја оптоварува земјата што и онака има потешкоти во справувањето со економската и политичката криза. Покрај отежнатото обезбедување со чиста вода, многу од капацитетите за третман на отпадните води се нефукнционални, а дури и болниците низ земјата се соочуваат со потешкотии во снабдувањето со електрична енергија.

Би можело да ве интересира

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан

Израел истрела ракети кон центарот на Бејрут, четворица загинати и 18 ранети

А1он

Израелските сили навлегоа најдлабоко на територијата на Либан од почетокот на копнената операција

Нов израелски напад врз Либан, се зголемува бројот на загинатите

Жан-Ноел Баро: Израел бара дозвола да го нападне Либан

Горан Наумовски

Дрон од Либан удри во градинка во Израел

А1он