Збирка од лични предмети на познатиот француски сликар Пјер-Огист Реноар во почетокот од септември ќе се најде на аукција во Њујорк. Колекцијата, чија вредност се проценува на три милиони долари, на продажба ќе ја понуди аукциската куќа „Херитиџ“.
Личната архива на Реноар до 2005 година била кај неговиот внук и наследник Пол Реноар, кој подоцна ја понудил на продажба.
Меѓу предметите што ќе се најдат на аукцијата се и Реноаровиот извод од матичната книга на венчаните, книга со критики од неговата работа, писма од сликарите Клод Моне и Едуард Мане, почесни медали, фотографии и др.
Реноар во светската ликовна уметност е познат по волшебните пејзажи, додека скулптурите ѝ се помалку познати на јавноста. На аукцијата ќе се најдат само две скулптури што Реноар ги изработил – медалјон и биста од неговиот помлад син Клод, со наслов „Коко“.
Сликата „Тетреб“ е единствената што ќе биде на продажба. Станува збор за мала слика со голема историска вредност, бидејќи се верува дека тоа е последното дело на Реноар.