Напаѓачот сакал на Ненси Пелоси да ѝ ги скрши колената со чекан

Од:

Американецот Дејвид ДеПејп, кој беше уапсен за нападот на Пол Пелоси минатата недела, изјавил на полицијата дека цел на нападот била Ненси Пелоси.

Според полицијата, ДеПejп сакал да ја земе Ненси Пелоси како заложник и да ѝ ги „скрши колената со чекан“ за да им покаже на другите членови на Конгресот кои се последиците од несовесното извршување на нивните должности, пренесува АП.

Инспекторите веруваат дека ДеПејп го планирал нападот однапред.

„ Вакво нешто во афект не може да се направи“, изјави претставник на полицијата, оценувајќи дека нападот е политички мотивиран.

Американските федерални обвинители го обвинуваат ДеПејп (48) дека во петокот упаднал во резиденцијата на Пелоси во Сан Франциско и го нападнал Пол Пелоси (82) со чекан. Нему му се заканува затворска казна до 50 години, соопшти Министерството за правда.

Пол Пелоси бил опериран поради фрактура на черепот и повреда на раката и дланките, а лекарите очекуваат целосно закрепнување, соопшти кабинетот на претседателот на Претставничкиот дом.

Би можело да ве интересира

Пелоси: Мојата животна цел е Трамп никогаш повеќе да не влезе во Белата куќа

(ВИДЕО) Објавено видео од нападот на сопругот на Ненси Пелоси

Горан Наумовски

Напаѓачот на сопругот на Пелоси имал и други цели, меѓу кои и синот на Бајден, Том Хенкс…

Горан Наумовски

Бајден за нападот на Пол Пелоси: Вистинската цел беше Ненси

А1он

Напаѓачот на сопругот на Ненси Пелоси ќе одговара за обид за убиство и серија други кривични дела

Ана Ололовска

Бајден: Нападот врз сопругот на Ненси Пелоси е ужасен

Ана Ололовска