Двајца скопјани шверцувале 16 мигранти од Индија

Од:

На 31.10.2022 во 20.30 часот на автопатот Скопје-Гевгелија, на наплатна рампа „Смоквица“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица ги лишиле од слобода Б.З.(27) од Скопје и П.К.(22) од с.Инџиково, скопско.

При преглед во товарно возило „фолксваген кеди“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Б.З, а сопатник бил П.К., биле пронајдени 16 лица мигранти од Индија, меѓу кои едно женско лице.

Мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар, а за случајот бил известен надлежен Јавен обвинител. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Во „киа“ стуткани 10 мигранити, фатен криумчар во Гевгелија

Го претепаа до смрт поради гласини дека јаде говедско месо – владата во Индија го прекинува судењето

А1он

Најмалку деветмина загинаа, а 29 се повредени во експлозија во полициска станица во Индија

Германија сака да биде центар за производство на лекови

Страшна несреќа во Индија: Автобус се запали после сообраќајка, загинаа најмалку 25 лица

СДСМ бара Мицкоски да одговори дали со Британија е договорено прифаќањето на мигранти и мигрантски кампови во Македонија