Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изрази „длабока загриженост“ бидејќи украинскиот поморски извоз на жито е запрен откако Русија го суспендираше своето учество во договорот со кој се дозволени виталните пратки.
„Генералниот секретар е длабоко загрижен за тековната ситуација во врска со Црноморската иницијатива за жито“, рече неговиот портпарол.
„Тој одлучи да го одложи своето заминување на Самитот на Арапската лига во Алжир за еден ден за да се фокусира на тоа прашање.
Извор: МИА