Во Њу Делхи на првата ваква седница надвор од седиштето на ОН Комитетот на ОН за борба против тероризмот одржува седница, а во Њујорк ги разгледува акциите на терористичките групи што ги злоупотребуваат новите технологии.
Домаќинот на состанокот, индискиот министер за надворешни работи С. Џаишанкар, на отворањето рече дека Индија ќе придонесе со половина милион долари во борбата на ОН против тероризмот бидејќи новите технологии што ги користат терористичките групи претставуваат нови закани за владите ширум светот.
„Интернетот и платформите за социјално вмрежување се претворени во моќни инструменти од терористите и милитантните групи за ширење пропаганда, радикализација и теории на заговор насочени кон дестабилизација на општествата“, рече тој во говорот.
Тој укажа и на зголемената закана од терористичка злоупотреба на беспилотни летала, што е опасност ширум светот.
На состанокот на ОН и британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли укажа на опасноста од беспилотни летала кои носат смрт, уништување и страв.
„Дроновите се користат за уништување критична национална инфраструктура и цивилни цели за време на руската брутална инвазија на Украина“, рече Клеверли.
„Затоа казнивме тројца ирански воени команданти и една иранска компанија вклучена во снабдувањето (руските сили) со тие беспилотни летала.
Специјалната конференција на ОН почна вчера во Мумбај каде пакистанските терористи убија повеќе од 160 луѓе во 2008 година.
Извор: МИА