Иванов: Мајката божја ја славиме како заштитничка на домовите

Од:

Во рударскиот град Пробиштип почна чествувањето на големиот празник Успение на Пресвета Богородица која е и заштитничка на македонските рудари.

По повод големиот христијански празник и Денот на рударите во храмот на Успение на Пресвета Богородица во Пробиштип се одржува свечена литургија со која чиноначалствува поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан, а воедно присуствуваше и претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов со неговата сопруга.

По повод големиот празник Успение на Пресвета Богородица и Денот на рударите претседателот Иванов упати пригодна честитка.

– На сите православни христијани сакам да им го честитам големиот празник Успение на Пресвета Богородица и да им посакам многу среќа, здравје и радост во животот. Мајката божја ја славиме како заштитничка на домовите, на семејствата, мајките и децата, така да и на овој голем христијански празник се потсетуваме на обврските кои ги има во нашите семејства. Исто така, од ова рударско место до сите рудари им го честитам нивниот празник и ним да им посакам многу радост, среќа и успеси во животот, рече Иванов.

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан во своето обраќање пред верниците се осврна на значењето на Мајката божја, но исто така порача да се чуваат божјите храмови бидејќи, како што рече, треба да ги чуваме храмовите и тие нас да не чуваат.

Тој се осврна и на тоа дека живееме во време со тешкотии во кое главен проблем е вработувањето и воспитувањето на децата.

Загрижувачки се, рече г.г. Стефан, статистичките податоци за демографската слика во земјава бидејќи се почести се семејствата каде што има едно или две деца. Тој упати апел до младите семејства да имаат повеќе деца бидејќи, како што рече, тие се иднината на нашата нација.

Поглаварот на МПЦ-ОА им го честита Денот на сите рудари коишто го чествуваат во своите рударски места, а воедно и на православните христијани им го честиташе големиот христијански празник на Пресвета Богородица.

Би можело да ве интересира

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска

Националниот ден на Власите, 23 мај – неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Ана Ололовска

Првиот ден на Рамазан Бајрам неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска