Инспекторите на Обединетите нации за хемиско оружје денеска ја продолжија работата во Сирија.
Нивната мисија беше прекината откако во понеделникот беше стрелано врз нивните возила.
Инспекторите на ОН денеска со шест автомобили се упатиле кон едно од предградијата на Дамаск, каде на 21 август беше извршен напад со хемиско оружје, за кој според Западот одговорен е режимот на Башар ал Асад.