СДСМ им подели примероци од Договорот за Фронтекс на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Левица

Од:

Пратениците од СДСМ на денешната седница за пратенички прашања им поделија печатени примероци од Договорот со ЕУ за Фронтекс, на пратниците од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, потпишан на македонски јазик, без фусноти и додавки и побараа да им се извинат на граѓаните и пратениците.

-Јас мислев дека се јавивте за повикот да им се извините и на граѓаните и на пратениците за сите лаги кои ги пласиравте, посебно за преговарачката рамка. Еве ги заклучоците кои ги гласаше ова Собрание, односно парламентарно мнозинство на СДСМ а од кои ВМРО-ДПМНЕ избега, свиреше и урлаше. Во овие заклучоци е и овој Договор за Фронтекс, потпишан од Владата на чист македонски јазик, без додавки, без придавки, без фусности, на официјален македонски јазик.

-Бидејќи вистината е најсилниот лек против лагата, денеска на сите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе им поделиме по еден примерок од договорот со Фронтекс на чист македонски јазик, без додавки и придавки. Рамноправен македонски јазик со сите 24 јазици на ЕУ. Нека прочитаат и нека видат, како гордо звучи македонски јазик во ЕУ. Да видат дека со лаги и манипулации не се води политика. Да видат дека не се дел од државничката одлука и дека треба да се засрамат и да се извинат на граѓаните. Конечно да се приклучат на европскиот пат. Станавме дел од НАТО како Македонци со македонски јазик, како Македонци со македонски јазик ќе станеме и дел од ЕУ, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април – повторно!

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис 

Левица: Бугарите влегуваат во Устав – Фон Дер Лајен го „деблокира процесот“, а Мицкоски кима со главата

Платформата 12:05 ги достави предлозите за промени во СДСМ