Макрон најави зголемување на границата за пензионирање: Живееме подолго, треба и подолго да работиме

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа најави дека ќе ја спроведе контроверзната пензиска реформа која ќе ја зголеми старосната граница за пензионирање за три години, од сегашните 62 на 65 години, што ќе ги натера младите генерации да работат подолго.

Во интервју за телевизијата Франс 2, Макрон кажа дека промените ќе стапат на сила следната година.

-Постои само еден начин тоа да го направиме, доколку сме паметни. Бидејќи живееме подолго, потребно е да работиме подолго, рече францускиот претседател во интервјуто за Франс2.

Минималната возраст за целосно пензионирање до 2031 година постепено ќе се зголеми од сегашните 62 на 65 години, рече тој.

Макрон, сепак, кажа и дека е отворен да разговара за возраста за пензионирање со синдикатите и за потенцијални промени.

Сите француски работници добиваат државна пензија.

-Неуспехот да се воведат предложените измени ќе значи дека владата ќе мора да го намали износот на пензиите, рече Макрон.

Најавата на Макрон доаѓа откако неговата центристичка алијанса го загуби парламентарното мнозинство во јуни, што го отежнува усвојувањето на законите на неговата влада во Долниот дом на парламентот.

Повеќето опозициски партии, како и синдикатите, се против промените на старосната граница за пензионирање.

Макрон вчера им понуди сојуз на пратениците од конзервативната Републиканска партија за да ги усвојат домашните реформи во парламентот, вклучително и пензиските реформи.

Претходно оваа недела, неговата влада преживеа три гласања за недоверба поттикнати од некои опозициски пратеници од левата и екстремната десница во знак на протест против употребата на специјална уставна моќ за протуркање на буџетските закони низ Националното собрание.

Предложената пензиска реформа предизвика штрајкови и протести низ целата земја кон крајот на 2019 година за време на првиот мандат на Макрон.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт