САД ќе ги објават доказите за нападот во Сирија

Од:

Во пресрет на најавениот воздушен напад врз Сирија, американските власти со повеќе медиуми споделија информација дека американското разузнавање со сигурност утврдило дека сирискиот режим е одговорен за нападот со хемиско оружје врз неколку предградија на Дамаск во кој беа убиени стотици цивили.

„Вашингтон пост“, повикувајќи се на извори во администрацијата на претседателот Барак Обама, објави дека доказите кои САД ги поседуваат ќе бидат објавени за јавноста.

– Администрацијата планира да ги објави доказите, веројатно уште в четврток, пишува весникот.

Четврток е денот кога се очекува да започне и нападот врз Сирија, според претходни информации направени достапни за јавноста од администрацијата на Обама.

Според весникот, Обама ја исклучил можноста дека бунтовниците кои повеќе од две години се борат против режимот на сирискиот диктатор Башар ал Асад, се виновни за хемискиот напад.

Според американските инфорамции, само режимот поседува хемиско оружје и може да го употреби на начинот на кој беше употребено минатата недела.

Извори во администрацијата информираат дека САД веќе имаат прецизни податоци за текот на настаните во пресрет на нападот.

Претходно, Белата куќа информираше дека разузнавачите на САД утврдиле зголемено ниво на активност во воена база во која Сирија чува хемиско оружје, пред да биде извршен нападот, кој е најголемиот во серијата напади со хемиско оружје на Асад врз бунтовниците.

Секретаријатот за одбрана, Стејт департментот и Белата куќа изминатите денови со остри зборови го осудуваат нападот на сирискиот режим и најавија подготвеност за удари, кои би биле без употреба на копнени сили, и без задача да го урнат режимот на Асад.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас