Истрага против велешанец кај кого беше пронајдена марихуана

Од:

Основното јавно обвинителство во Велес донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против лице на возраст од 36 години, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Во својот дом во Велес, осомничениот неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана во количина од 84,07 грама.

На 19 октомври тој на две лица им продал 35 грама од дрогата за вкупен износ од 10.000 денари.

Поради опасноста осомничениот да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, како и да ја попречи истрагата со влијание врз сведоците, Основното јавно обвинителство Велес предложи да му биде определена мерка притвор.

Судија на претходна постапка од Основен суд Велес го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​

Би можело да ве интересира

Запленети околу 35 килограми марихуана на патот Битола – Прилеп

А1он

Истрага за дилер од Гевгелија, кај него се најдени 100 најлонски зипер ќесички наркотична дрога

Откриена најголемата плантажа со марихуана во Црна Гора

А1он

Запленети околу два тони марихуана – голема акција во Белград

А1он

Во два одвоени случаеви претреси кај лица од Кочани е пронајдена дрога

Горан Наумовски

Полицајци надгледувале дилер, кај него се најдени 57 паковки марихуана