Вработените во скопски „Водовод“ ќе штрајкуваат ако Арсовска за три дена не го разреши директорот Митовски

Од:

Градоначалничката Данела Аросвска и советот на Град Скопје имаат три дена да го разрешат в.д директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Маријан Митовски, во спортивно Скопје може да остане без вода како што вчера остана без јавен превоз рече претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Дарко Димовски.

Од ССМ обвинуваат дека Митовски ги деградира и се изживува со вработените.

„Не може хидроинженери да се испраќаат на работа во чуварски куќички, не може ниту возачи на специјални возила да седат во базата наместо да ја вршат својата работа само затоа што не му се допаѓаат на директорот. Како репрезентативен синдикат за комунални дејности при ССМ случајот го пријавивме до Државниот управен инспекторат како и во Трудовиот инспекторат. Според известувањата и решенијата добиени оттаму, јасно е посочено дека директорот Марјан Митовски работи противзаконски и дека ги крши работничките права. Добиените документи ги доставивме до тој директор, но наместо да постапи и да ги врати работниците на соодветните работни места, тој ги игнорира решенијата, рече Димовски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За Мицкоски, протестот на Синдикатите е „вообичаена активност за 1 мај“

„За плата се бориме, не се молиме“, работниците на првомајки протест

Првомајски протест на Синдикатите, посебен режим во Скопје

ССМ организира протест на 1 Мај, ги повика работниците масовно да излезат

Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари

Трендафилов: Повеќе од три години откако Дарко Димовски не е повеќе меѓу нас, водат постапки обидувајќи се да докажат дека тој не е претседател на ССМ