ВИДЕО: Дојави за бомби со ист потпис во Загреб и во Нови Сад

Од:

Хрватските медиуми денеска добиле меил во закана за поставени бомби на пет локации во Загреб. Според заканата бомбите биле поставени во две полициски станици, на аеродромот и во два Мекдоналдс ресторани.

Во мејлот испратен на адресите на неколку медиуми, се споменува одмаздата за „нацистичките касапи од Азов, злосторствата на Црната легија, Јасеновац, Ѓаволската бригада која се бореше во Сталинград и злосторствата за време на бурата“.

Медиумите во Србија, исто така, јавуваат дека добиле многу сличен мејл со ист потпис.

Во тој мејл се наведува дека на 9 локации во Нови Сад биле поставени 22 бомби.

Во заканувачкиот мејл се наведува дека „прашање на време е кога Нови Сад, бидејќи епицентарот на токсичната прозападна фашистичка мисла, центарот на друга Србија, ќе си го добие своето право за тоа како се однесува и влијае на позицијата на Србија во ослободителната војна „на угнетените руски малцинства во источна Украина“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нападнати студентите кои го блокираат Правниот факултет во Белград, седуммина повредени

Куриозитети од изборите во Хрватска: Во место во Далмација, Милановиќ ги доби сите гласови

Признание за мене, но и порака за власта, порача Милановиќ во победничкиот говор

Хрватска повторно го избра Милановиќ

Предраг Петровиќ

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија