Нуредини: Кањонот Матка како заштитено подрачје има можности да стане една од главните туристички еко дестинации во државата

Од:

По долг консултативен процес, Министерството за животна средина и просторно планирање на вчерашната јавна расправа го презентираше Нацртот на Законот за прогласување на Кањон Матка за споменик на природата, во кој се предлага категоријата на заштита, зонирањето на заштитеното подрачје, како и начинот на управување.

Расправата ја отвори министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, кој истакна дека Кањонот Матка е еден од најспецифичните и најуникатните природни локалитети во државата.

– Богатството со природни и културни вредности го вбројуваат Кањонот Матка во еден од најрепрезентативните објекти на природата во Република Северна Македонија, истакна Нуредини, нагласувајќи дека прекрасните видиковци, богатството со спелеолошки објекти посебно пештерите, уникатниот жив свет, културното и духовно богатсво, како и близината до градот Скопје даваат безброј можности Кањонот Матка да стане една од главните туристички еко дестинации во државата.

– Наша цел е да го заштитиме богатството со кое природата не дарувала, но на начин со кој ќе се овозможи одржлив равој и социоекономски просперитет за жителити, одговори Нуредини на прашање на жител на село Глумово за влијанието на прогласувањето на заштитеното подрачје врз животот на локалното население и нивните секојдневни активности.

Со Нацртот на Законот се предвидува со споменикот на природа Кањон Матка да управува Град Скопје во соработка со општина Сарај.

– Задоволни сме што за овој предлог добивме позитивно мислење и од Градот Скопје и од општина Сарај во која се наоѓа овој вреден споменик на природата. Начинот на управување ќе биде тема на расправа кога управувачкото тело ќе изработи Нацрт План за управување за кој исто така ќе биде консултирана јавноста, рече министерот Нуредини.

Презентација за природните вредности и за начинот на зонирање на имаа Васил Атанасовски, конзерватор советник за гео вредностите и биодиверзитетот за Кањон Матка, професор д-р Ивица Милевски, редовен професор на Природно Математичкиот факултет, а на Нацртот на Законот претставници од МЖСПП.

Изработката на Нацрт Законот за прогласување на Кањонот Матка за споменик на природата e во рамки на активностите на Министерството за животна средина и просторно планирање за валоризација или ревалоризација на заштитени подрачја и прогласување на заштитени подрачја и исполнување на обврските од Законот за заштита на природата, Националната стратегија за заштита на природата со Акционен План (2017-2027) и Националната стратегија за биолошка разновидност за период (2018-2023).

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

A1on

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

A1on

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

A1on

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

A1on

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари