(ВИДЕО) Скандал во Националната галерија: Фрлена супа од домати врз ремек дело на Ван Гог вредно над 72,5 милиони фунти

Од:

Активисти на организацијата „Just Stop Oil“ фрлија супа од домати врз ремек-делото на Ван Гог „Сончогледи“ во Националната галерија.

Две жени влегле во собата во галеријата на плоштадот Трафалгар околу 11 часот, јавуваат странските медиуми.

Тие ја фрлиле содржината на две конзерви супа од домати  врз сликата, чија вредност се проценува на 72,5 милиони фунти, пишува SkyNews.

– Што вреди повеќе? Уметност или живот? Дали вреди повеќе од храната? Вреди повеќе од правда? – извика еден од активистите.

Оние кои се нашле на лице место не можеле да поверуваат што се случува.

Би можело да ве интересира

Активисти фрлија супа од грашок врз сликата на Винсент ван Гог „Сејачот“

Слика на Ван Гог продадена за речиси 36 милиони долари

Катерина Ѓуровски

Истражување: Ван Гог имал делириум тременс

Ана Ололовска

Слика на Ван Гог украдена од музеј во Амстердам

А1он

Во Париз се продава револверот со кој се уби Ван Гог

Ана Ололовска

Пиштолот со кој, наводно, се убил Ван Гог оди на продажба

Ана Ололовска