Секоја година милијарди евра, ваши – наши, пари од граѓаните ги трошат политичарите поставени на чело на институциите. Тоа се пари на граѓаните за кои се должни да дадат отчет. Освен што отчет нема, односот на политичарите станува арогантен, понижувачки, се обраќаат со потсмев, надмено, од високо што би рекле постарите.
Информации со кого се јаделе бифтеците во правда не добивме до ден денес.
Чии џебови се наполниле со колку пари и по кој основ, се крие како змија нозе.
Односот на политичарите погледнете го во видеоанализата на „Скен“.